| четврток, 6 декември 2018 |

Ја откачи Бубамара за помлада бринета – Сопругот на Дара на одмор со нова девојка

dara-eks-soprug

Откако потврди дека се разведува од Дара Бубамара, нејзиниот сопруг неделава бил уловен на летен одмор во Грција со непозната девојка. Милан Кесиќ најави дека од пејачката, по скандалот со нејзините голи фотографии, ќе ги бара сите пари што ги инвестирал во нејзината кариера, но во меѓувреме очигледно дека не тагува.

Како што пишуваат српските медиуми, згодната бринета е неговата нова девојка, а е најмалку десетина години помлада од Дара.

Периодов српската пејачка вели дека не многу загрижена за разводот и дека ужива во новите работни предизвици затоа што е дел од жирито на шоуто Пинкови ѕвезди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top