| четврток, 6 декември 2018 |

МОБ доби нов шеф-диригент – италијанскиот диригент Џанлука Мартиненги

По подолг период, Македонската опера и балет, ќе добие шеф-диригент. Истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги, ќе биде новиот шеф-диригент во Македонската опера и балет во претстојната сезона. По исклучително успешната премиера на операта „Турандот“ во март годинава, предводена токму од маестро Мартиненги, раководството на МОБ го ангажира како шеф-диригент за претстојната тетарска сезона, 2016/2017 година. Мартиненги ќе се посвети на уметничките подготовки на солистите и ансамблите за претставите во МОБ. Континуираната работа на маестрото ќе придонесе за подигнување на уметничкиот квалитет и восприемањето на оперските претстави, а под негово раководство, публиката ќе има можност да ги проследи оперите: „Севилскиот бербер“, „Лучија ди Ламермур“, „Дон Џовани“, „Тоска“, „Паљачи“, „Кавалерија Рустикана“ и „Џани Скики“.

Во неговото неодамнешно интервју, дадено за списание специјализирано за опера во Италија,  Мартиненги истакнува: „Во оваа земја пронајдов музичари со вистински талент. Меѓу нив и такви со меѓународна кариера. МОБ бил домаќин на многубројни престижни солисти, на оперскиот фестивал „Мајски оперски вечери“ и има капацитет самостојно да создава светски продукции“, а за публиката вели „….различна, но сосема добро ги разбира вредностите што се презентираат, непребирлива, но компетентна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top