| четврток, 6 декември 2018 |

Ја следел, ѕвонел кај соседите додека не ја најде: Зад оваа врата се случило убиството што го згрози Ниш

 

vratata

Високото јавно обвинителство во Ниш покреналло обвинение против Игор У. (33) од селото Речица кој на 13 декември мината година во станот на 83-годишната Ружица Талевиќ свирепо ја убил старицата. Како што е наведено во обвинителниот акт, кобниот ден убиецот ја прател жената од паркот до нејзината зграда, а потоа заѕвонил на вратите на неколу соседи се додека не пронашол во кој стан живее. Штом таа отворила, напаѓачот и се фрлил на бабата, ја турнал на подот во трпезаријата и со жица почнал да ја дави.

Додека жртвата се борела за својот живот, тој и задал и неколу удари во главта со тврд предмет, па беспомошната жена не успеала да се извлече.

babata

Иако мотивот на убиството бил грабеж, сторителот не успеал ништо да украде, затоа што се посомневал дека во станот има уште некој, што и било точно. За кратко својата мртва мајка како лежи во локва крв ја затекнал синот на жртвата кој спиел во другата соба, а штом ја видел ужасната глетка веднаш повикал Итна помош.

Убиецот откако го извршил злосторството се јавил во полицијата, со цел да си обезбеди алиби, а каде и онака морал да се пријавува два пати месечно откако бил осуден за неколку кривични дела. Оттаму со автобус се упатил кон станот на својата сестра во Пожаревац, но полициајта го уапсила пред да стигне.

Убиецот Игор У. неколку пати бил зад решетки, а во затвор минал скоро 12 години заради извршена кражби, тешки кражби и разбојништва изврешни на подрачјето на Ниш, Белград, Јагодина и во Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top