| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто пламените јазици немаат сенка? (Видео)

На училиште не учеа дека телата, кога се осветлени, оцртуваат сенка. Но, има еден исклучок -­ пламенот, пишува бугарскиот портал „Љубопитно“.

Сенката секогаш се појавува на некоја одредена површина (ѕид, под), кога помеѓу истата и изворот на светлина стои предмет или тело, коешто блокира дел од зраците светлина. Но, ако тоа тело самото е извор на светлина, на пример ­ огнот, тоа нема да оцрта сенка на површината.

Кога едно тело доволно ќе се загрее, тоа испушта светлина како последица на процесот на горење. И додека таа светлина не создава сенка, самиот предмет, или тело, односно изворот којшто гори – создава сенка.

За да би можеле да ја видиме сенката на пламенот, нам ни треба извор на светлина посилен од пламенот, на пример Сонцето. Ако запалиме свеќа и ја држиме високо пред ѕид или над под осветлен од Сонцето, ќе ја видиме сенката на пламенчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top