| четврток, 6 декември 2018 |

Диего Симеоне го скрати договорот со Атлетико Мадрид

diego simeone

Тимот на Атлетико Мадрид бележи одлични резултати откако во 2011 година го презема аргентинскиот стратег Диего Симеоне кој успеа клубот од „Висенте Калдерон“ да го вивне во европските височини.

Чоло им помогна на „Атлети“  два пати да стигнат до финалето во Лигата на шампионите, да триумфираат во Лига Европа, во Копа Дел Реј и Ла Лига, па и затоа изненадува денешната информација која вели дека е скратен неговиот договор со клубот од шпанската престолнина.

Имено двете страни се договориле за намалување на важноста на договорот од 2020 на 2018 година со тоа што Диего ќе има повисока плата, пренесуваат шпанските медиуми. Симеоне со своите резултати стана мета на доста европски екипи од елитата, па со ова се чини се прави терен за негово напуштање на Атлетико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top