| четврток, 6 декември 2018 |

Финалето на Лигата на шампионите се сели во источна Европа

kiev-stadion

Финалето на Лигата на шампионите во 2018 година ќе се игра во Киев. Тоа денеска го потврди високиот член на извршниот одбор на ФИФА, Словакот Франтишек Лауринец.

Украина ќе биде во центарот на фудбалската јавност на најважниот спортски настан, финалето на ЛШ на еден месец пред почетокот на Светското првенство во Русија во 2018 година.

УЕФА оневозможи мечеви меѓу руски и украински екипи на големите натпреварувања по воената агресија на Русија на Крим. Сепак, главната препрека е надмината и останува само формално да се средат уште некои правни работи, меѓу кои се и добивање украинска виза за руски спортисти, клубови и спонзори кои се дел од Лигата на шампионите.

Покрај добивањето на организацијата на финалето на ЛШ во Киев и Светското првенство во Русија, УЕФА одлучи источна Европа да биде центарот на фудбалските збиднувања со доделување на организацијата на Талин, Естонија на Европскиот суперкуп, исто така, во 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top