Деновиве во издание на Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ излезе од печат новото списание за филмска уметност и филмска култура Тренд филм.
Двобројот е тематски и со заеднички наслов „Магијата на филмот“, а во него се застапени десет врвни филмски творци: Андреј Тарковски, Ингмар Бергман, Слободан Шијан, Џим Шеридан,Желимир Жилник, Милчо Манчевски, Вим Вендерс, Раде Шербеџија, Емир Кустурица и Данис Тановиќ.
Списанието Тренд филм донесува интервјуа со десетте познати флмски автори, кои говорат за сопственото филмско творештво, но и за филмот воопшто.
Списанието Тренд филм ќе биде промовирано на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола и на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“ во Скопје. Во Битола ќе го претстават главниот и одговорен уредник проф. д-р Христо Петрески и м-р Софија Тренчовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.