| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 200 мртви тела на Монт Еверест им го спасуваат животот на алпинистите

Најголемата планина на светот има многу скриени опасности: лавини, замрзнати понори и недостиг од кислород.

Телата на повеќе од 200 алпинисти денеска лежат на падините на Монт Еверест, а некои од нив може да се видат како ѕиркаат од снегот на алпинистичките патеки.

И покрај опасносните што ги демнат на највисоката планина во светот, алпинистите и натаму масовно доаѓаат во надеж дека ќе го освојат легендарниот врв. Бидејќи има голем број тела по маршрутата по која поминуваат групите, многу од нив имаат и прекари, по што алпинистите се ориентираат до каде се и уште колку има нагоре.

Така, на пример, телото на индискиот алпинист наречен „зелени чизми“, кој починал во 1996 година, се наоѓа во близина на пештерата покрај која мора да се помине на патот до врвот.

Алпинистите ги користат неговите впечатливи зелени чизми за да одредат уште колку имаат до врвот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top