| четврток, 6 декември 2018 |

Монт Еверест ги зеде првите жртви оваа година

монт

Холанѓанец и државјанка на Австралија починаа веројатно од височинска болест при симнување од Монт Еверест.

Ерик Арнолд (35) имал со себе доволно боци со кислород, како и неговите партнери планинари, но почувствувал дека му се лоши и починал ноќта спроти саботата, пред да успее да слезе пониско. Тој починал во близина на Јужно седло, соопштија денеска од агенцијата „Севн самит трекс“ во Катманду.

Според австралиските медуми Марија Страјдам исто така покажала симптоми на височинска болест вчера попладне по што починала.

Ова се првите регистрирани смртни случаи за оваа година во регионот на највисокиот врв на Земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top