Непал рано утринава го погоди земјотрес со јачина од 5,6 по Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Монт Еверест, околу 150 километри североисточно од Катманду, соопшти Американскиот сеизмолошки центар.
Извештај за евентуални жртви и штети се уште нема.
Жителите на Катманду земјотресот ги разбуди, а многумина истрчале од домовите на улица, но немало прекин во снабдувањето со струја или телекомуникации, пренесува АП.
Непал се уште се опоравува од минатогодишниот земјотрес во кој настрадаа околу 9.000 луѓе, а оштетени беа милион куќи и згради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.