Осмиот тенисер на светот Гаел Монфилс нема да игра против Хрватска во полуфиналето од Дејвис-купот, кој овој викенд се игра во Задар. Според извештајот од француската федерација, Монфилс го откажа настапот за својата репрезентација поради повреда на коленото, а негова замена ќе биде Лукас Пуј, кој досега има еден настап. Франција од поодамна остана и без Жо Вилфред Цонга, кој е заменет од Ришар Гаске, додека во двојки ќе настапат Николас Маху и Пјер Маху Херберт
За репрезентацијата на Хрватска ќе настапат Марин Чилиќ и Борна Чориќ, додека дуелот во двојки Иван Додиќ и Марино Драгања. Ждрепката за двојките ќе се одржи в четврток. Во вториот полуфинален дуел играат Велика Британија и Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.