Вчера вечер во 23.00 часот во ПС-Гази Баба, А.Ф. (44) од с.Сингелиќ- скопско пријавил дека на ул.„16“ околу 22.30 часот непознат сторител од огнено оружје (најверојатно од пиштол) истрелал повеќе куршуми во правец на неговата куќа, а потоа веднаш се оддалечил во непознат правец.
Неколку проектили од истреланите куршуми завршиле во надворешниот ѕид од куќата во која што освен пријавителот што во тоа време седел на тремот пред влезната врата, на другата страна од куќата, во една од собите на приземјето биле и неговата сопруга, двата сина и ќерката, а еден проектил го пробил стаклото од прозорецот на надворешниот ѕид од собата како и задниот дел од регалот и паднал на бетонскиот под од собата, непосредно до ѕидот.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Вo вторникот вечер во 22.45 часот во Скопје на истата улица.„16.“, во населбата Ченто, непознати лица со огнено оружје пукале во куќата сопственост на А.Ф. (44), кој во моментот бил дома со семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.