В петок, на 16 септември од 11 до 20 часот првпат во Македонија, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола, ќе се одржи меѓународниот настан „ПАРК(инг) ден Битола“.
Настанот во Битола има цел да го трансформира паркинг-просторот во простор на кој главен акцент ќе биде развивањето зелени идеи. Зелените идеи ќе се развиваат од сите посетители, преку предвидени отворени програмски содржини и активности: создавање привремен парк, поставување урбана опрема, дискусии за одржливо планирање, зелена канцеларија – канцеларија на отворено, детски програми, едукативни програми итн.
Настанот ќе биде збогатен со диџеј сетови, а за најкреативните зелени идеи, Центар за култура и ИФФК „Браќа Манаки“, ќе доделуваат влезници за фестивалските филмски-проекции.
ПАРК(инг) ден претставува светски настан за подигнување на свеста за вредноста на јавниот простор, кој се одржува секој трет петок во септември.
Оваа година, повеќе од 80 држави ширум светот ќе се вклучат во настанот, а УрбанЛаб Битола (група локални архитекти), првпат во Македонија, и тоа во Битола, го организираат ПАРК(инг) ден Битола.
Настанот е поддржан од: Општина Битола, Градски паркинзи – Битола, ЈП „Комуналец“ Битола, ИФФК Браќа Манаки – Битола, НУ Центар за култура – Битола, Битола на точак, Merci и Tchibo.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки