Во судар на училиштен автобус и патничко возило што се случи синоќа во белградската населба Бусија се повредени две деца.
Несреќата се случила кога автомобилот, не почитувајќи ја сообраќајната сигнализација, удрил во автобус кој превезувал ученици.
Две деца се повредени, при што едно момче (12) се здобило со потрес на мозокот, а на едно девојче (11) му се скршени сите предни заби.
Како што наведува очевидец, автомобилот кој предизвикал судир не запрел на знакот стоп и удрил во предното десно тркало на автобусот кој потоа се забил во блиската куќа, при што е повреден и човек кој бил во неа.
Со возила на Брза помош повреденото момче е префрлени во Ургентниот центар, а девојчето на Максилофацијалната клиника.
При судирот е пробиена водоводна цевка, па дел од населбата е поплавена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
Се симнувало по скали од вториот кат и паднало: Девојче повредено во автобус на ЈСП
-
Несреќа во Германија, најмалку 11 луѓе се повредени при судир на воз и камион
-
Ало, вашата ќерка е мртва: Потресни исповеди на семејствата на настраданите во верижниот судир!