| четврток, 6 декември 2018 |

Катаклизма, вака носи сѐ пред себе најсилната бура (ВИДЕО)

Центарот за вонредни ситуации соопшти дека пет луѓе се повредени, а 550.000 домаќинства останале без струја

Стотици луѓе се евакуирани од кугот на Тајван и Кина, а на сила е црвен аларм пораи најголемата бура која го погоди овој регион годинава.

Централниот хидрометеоролошки завод на Тајван предупредилдека неколку градови на југот и на истокот се загрозени од бура од петта категорија, со силен ветер, дождови и поплави.

Супертајфунот Меранти се засилувал како што се приближувал до Тајван и достигнал брзина на ветрот од 227 км/час, пренесува Ројтерс.

-Овој тајфун е најсилен на светот годинава, вели портпаролот на Заводот.

Центарот за вонредни ситуации соопшти дека пет луѓе се повредени, а 550.000 домаќинства останале без струја. Речиси 4.000 војници и полицајци се аспредени во регионот за да бидат на готовс за потенцијални нови евакуации.

Школите и фирмите се затворени, а откажани се и сите летови, пренесуваат кинеските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top