| четврток, 6 декември 2018 |

Комичната опера „Рита“ в сабота во МОБ

В сабота, 17 септември,  со почеток во 20 часот, на Малата сцена во Македонската опера и балет ќе биде изведена камерната комична оперска претстава, „Рита“ од Гаетано Доницети.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите, на брачните недоразбирања, со комичен, но среќен завршеток.
Настапува млада солистичка екипа, која ја сочинуваат: Полина Тасева, како Рита, Јане Дунимаглоски, Невен Силјановски и Борко Биџовски. Режисер е Трајко Јордановски, а диригент Ѓурѓица Дашиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top