| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот шампион со пресврт во финишот до трите бода, Лестер на дебито доминантен во Белгија (видео)

Со натпреварите од групите Е, Ф, Г и Х и одложениот меч од групата Ц меѓу Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах, вечерва на стадионите шурим Европа беше комплетирано првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион Реал Мадрид одбраната на титулата ја започна со големи потешкотии бидејќи беше на работ на поразот на „Сантијаго Бернабеу“ од екипата на Спортинг од Лисабон. Иако ја имаа контролата на играта и го диктираа темпото на целиот меч, избраниците на Зинедин Зидан се намачија да стигнат до трите бода со победата од 2-1.

Спортинг приреди ладен туш за навивачите на „кралевите“ бидејќи одлично парираше и ги одбиваше сите напади на Роналдо и другарите, а и прв стигна до погодок преку Бруно Цезар во 48.минута и беше на прагот да направи сензација на стартот од групната фаза во ЛШ, но Кристијано Роналдо во 89.минута израмни од слободен удар против својот некогашен клуб. Алваро Мората во третата минута од судиското продолжение сепак не дозволи изненадување, постигнувајќи победнички погодок.

Борусија Дортмунд очекувано го потврди квалитетот на гостувањето во Варшава, совладувајќи ја Легија со 0-6. Геце, Папастотулос и Бартра брзо постигнаа голови за 0-3, а во вториот дел стрелаа и Гвереиро, Гонзало Кастро и Обамејанг.

Англискиот првак Лестер во голем стил ја почна одисејата во ЛШ. Избраниците на Клаудио Раниери славеа со 0-3 на гости во Белгија против Клуб Бриж. Олбрајтон го отвори резултатот, а потоа Ријад Махрез двапати стрелаше во противничката мрежа. Порто одигра 1-1 на домашен терен против ФК Копенхаген иако имаа водство уште во раната фаза од мечот, а гостите од Данска во второто полувреме имаа и играч помалку по исклучувањето на Грегус во 66. минута.

Со Пеп Гвардиола, поинаку изгледа Манчестер сити и во ЛШ. „Граѓаните“ без проблеми славеа во одложениот меч од синоќа против Борусија Менхенгладбах со 4-0. Серхио Агуеро постигна хет – трик за тимот од „Етихад“, а пред крајот на мечот погоди и Ихеаначо.

Јувентус не успеа да пронајде пат до мрежата на Севилја, па мечот заврши без голови. Игуаин не беше расположен, но ниту Дибала и Пјаца, а Лион го славеше рутинска побада над Динамо Загреб со 3-0.

Монако славеше на гости против Тотенхем со 1-2, а Баер Леверкузен и ЦСКА Москва ги поделија бодовите играјќи 2-2.

 

Лига шaмпиони резултати:

Група Ц: Манчестер сити – Борусија М. 4-0

Група Е: Баер Леверкузен – ЦСКА Москва 2-2, Тотенхем – Монако 1-2

Група Ф: Легија – Борусија Д. 0-6, Реал Мадрид – Спортинг Лисабон 2-1

Група Г: Клуб Бриж – Лестер 0-3, Порто – ФК Копенхаген 1-1

Група Х: Јувентус – Севилја 0-0, Лион – Динамо Загреб 3-0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top