| четврток, 6 декември 2018 |

Авион „се заби“ во пистата и остана без тркала

Товарен авион на Индонезија успеа да „се забие“ во пистата на аеродромот во градот Вамена и со трупот да се лизга околу еден километар. Потоа завршил во блиската ливада.

Авионот на авио-превозникот „Тригана“ се подготвувал за слетување околу 7,30 часот. Пилотот Мет Дерден, раскажал дека авионот влегол во низок облак при слетувањето.

01-avion-vamena

– Дојде до грубо слетување поради кое се откачија тркалата од трупот на авионот кој потоа се лизгаше по пистата. Авионот запре на десната страна од пистата, оставајќи остатоци од делови зад себе – изјави Дерден.

Среќна околност е што никој не настрадал ниту бил повреден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top