| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Лос Анџелес: Жена растргната од питбули

police

Шеесет и три годишната жена од Лос Анџелес била нападната додека трчала во округот Литлрок, каде наводно, луѓето често ги носат своите домашни миленичиња кои не сакаат повеќе да ги чуваат.

Несреќната жена додека трчала,  била нападната од четири питбули.

Покрај тоа што екипите на брзата помош пристигнале набрзо по несреќата, жената починала на патот кон болницата.

Според зборовите на шерифот Џон Корин, другата жена која возела и која била во близина на местото на несреќата, видела како кучињата ја соборуваат жената. Таа се обидела да ги исплаши свирејќи на свирката од автомобилот, меѓутоа кучињата и понатаму безмилосно ја гризеле жената.

Таа тогаш повикала полиција, чие патролно возило набрзо пристигнало и тогаш заменик шерифот испукал цел шаржер од пиштолот, па кучињата избегале.

Полицијата, по тоа со хеликоптер го пребарувала местото каде биле видени кучињата, но не успеале да ги најдат. Исто така биле прегледани и околните куќи, меѓутоа ни тоа не вродило со плод.

Портпаролот на соседната општина Палмдеј, Џон Минар, вели дека на тоа место, луѓето кои не ги сакаат своите кучиња ги оставаат во руралниот дел на градот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top