| четврток, 6 декември 2018 |

Судот им забрани на професорите од Економски осомничени за мито да држат предавања

akcija-ekonomski

Четири професори на Економскиот факултет во Скопје меѓу кои и ексдеканот Бобек Шуклев веќе нема да можат да им предаваат на студентите. Судија на претходна постапка на барање на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе мерка за Забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, информираат денеска од Скопскиот кривичен суд.

„Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка за претпазливост против 6 лица опфатени со предметот во јавноста познат како „Еразмус“, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден беа повикани шесте лица заедно со нивните полномошници и јавниот обвинител за да се произнесат во врска предложената мерка.

Во текот на сослушувањето обвинителот за две лица го повлече прелогот за определување мерка за претпазливост, додека по ценење на причините заради кои е поднесен  предлогот за преостанатите 4 лица, судијата на претходна постапка донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството и на Б.Ш, Д.Ј., С.Р. и Љ.Ј. им определи мерка за претпазливост од член 146 ст. 1 т. 7 – Забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, а која мерка ќе трае додека постои потреба, а најдолго до правосилност на пресудата“, стои во соопштението.

Од Судот информираат дека на ова решение странките имаат право на жалба.

Со акцијата Еразмус беа опфатени шестмина редовни професори на Економскиот факултет во Скопје, еден демонстратор и еден сопственик на угостителски објект во рамки на факултетот.

Осомничените се товарат за примање и давање поткуп, противправно посредување, злоупотреба на службена положба и овластувања, и други коруптивни дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top