Шпанскиот фудбалски репрезентативец Цеск Фабрегас во зимскиот преоден рок и дефинитивно ќе го напушти Челси и ќе се пресели во Италија, во екипата на Милан, објавија медиумите на Островот.
Новите кинески сопственици кои доаѓаат во Милан, веќе ги договориле сите услови за преминот на Фабрегас на „Сан Сиро“.
Фабрегас нќе биде позајмен во Милан во првите шест месеци за сума од 2,5 милиони евра, но ќе има и клазула за автоматско купување доколку одигра одреден број мечеви во дресот на „росонерите“, а таа сума изнесува 30 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.