| четврток, 6 декември 2018 |

Ројс побрзо од очекуваното ќе му се стави на располагање на тренерот Тухел

marko-rojs

Офанзивецот на Борусија Дортмунд и германската репрезентација Марко Ројс ќе се врати на терените по повредите.

– Неговото закрепнување се одвива за пократко време од предвиденото и наскоро Марко ќе биде здрав да тренира и да се наметне. Марко чувствува болка, но ќе добие доволно време за да биде подобро, пред да се врати на теренот – изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк.

Ројс се повреди пред почетокот на Европското првенство во Франција. Се предвидуваше подолга пауза, но наместо половина година, Ројс ќе отсуствува само три месеци и брзо ќе му с стави на располагање на тренерот Томас Тухел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top