Принцот Вилијам ужива во бракот со прекрасната Кејт. Имаат и две деца и се пар од соништата. Но, што би било доколку ја немаше Кејт. Доколку оваа врска не се одржи, а Вилијам побара нова партнерка? Британските медиуми се позанимавале со таа тема и пронашле потенцијални принцези.
Кога во 1936 година кралот Едвард VIII абдицирал за да се венча со Валис Симпсон, британската империја го оспорувала тој брак. Иако бракот ја оцрнил целата монархија, сопружниците потврдиле дека љубовта не познава граници и од моментот на нивното судбоносно “Да”, работите и тоа како се промениле. Имено, на принцот Вилијам и Хари им е дозволено да се венчаат од љубов, па нивната сакана не мора да биде со сина крв.
Англиски принц и шведска принцеза? Така би било доколку Вилијам се оженел со шведската принцеза Маделин, војвотка од Хелсингланд и Гестрикланд. Принцезата Меделин е прекрасна, а уште поважно е што во себе има кралска крв. Всушност, тоа е сè што ви е потребно за ваква љубовна приказна. Принцезата е многу интелигентна, има диплома за историјата на уметноста, јава професионално, а позната è и по хуманитарните акции. Совршена невеста и совршена за нашата листа.
Шерил Кол е една од следните кандидатки. Проблематичната тинејџерка која се провлекла низ средно училиште, прераснала во млада и згодна танчарка. Набрзо се појавила и во бројни реклами, а понела и некои титули и награди во модни натпреварувања. Подоцна се омажила за фудбалерот Ешли Кол. Сепак, Британците ја сакаат поради убавината, и сигурно би била освежување во кралското семејство.
Шарлот Касираги го минала своето детство во кралскиот двор. Второ дете е на принцезата од Хановер. Се занимава со пишување, а уредничка е во едно модно списание. Тоа е истакната предност која би можела да ја има една идна кралица и сопруга на принцот Вилијам. Таа е вистинска модна икона.
Попи Девлевињ е позната манекенка од Лондон. Родена е во високото општество и една од најмладите членови на Британското модно собрание. Нејзиното семејство е познато по високите позиции во политиката. Со нејзиниот спој на моќ, гламур и политика, би била совршена англиска кралица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.