Филмот „Педесет нијанси потемно“ (Fifty Shades Darker) е потпишан од режисерот, Џејмс Фоли по сценарио на Ниел Ленард, а претставува продолжение на приказната за Анастасија Стил и Кристијан Греј.
Двајцата се главни протагонисти на еротската драма „Педесет нијанси сиво“ од 2015 година која е пишувана по истоимениот роман на британската писателка Е.Л.Џејмс.
Продолжението на љубовната приказна Анастасија и Критијан кои ги играат Дакота Џонсон и Џејмс Дорнан, може да се очекува во почетокот на февруари 2017 година, кога ќе пристигне во светските кино сали.
Приказната го следи откривањето на „темното“ минато на Греј во формата на фатална Елена Линколн. Покрај наведените, улогите ги толкуваат и Ким Бесинџер, Лук Гримс, Елојз Мамфорд и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)