| четврток, 6 декември 2018 |

ИОК демантира: Сестрите Вилијамс и Бајлс се чисти

Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК) ги демантираше наводите на хакерската група „Fancy Bear“, која објави документи дека одредени американски спортисти, вклучувајќи ги сестрите тенисерки Серена и Венус Вилијамс, како и гимнастичарката Симон Бајлс, користеле недозволени допинг средства.

Хакерската група со напад на сајтот на Светската Атидопинг Агенција (ВАДА) наводно дошла до документи во кои се наведува дека на Серена Вилијамс и е дозволено да ја користи супатснацата „оксикодон“ и „хидроморфон“ во 2010, 2014 и 2015 година, а таа се наоѓа на забранетата листа. Нејзината сестра Венус користела „пренизон“ и „преднизолон“ во 2010, 2011, 2012 и во 2013 година. Во документите се наведува дека дијагнозата што ја имаат спортистите им дозволува на Серена и на Венус Вилијамс да ги користат овие супстанци.

simon-bejls

Исто така се наведува дека американската гимнастичарка Симон Бајлс, која освои четири златни медали на ОИ во Рио, паднала на допинг тест во август, но не е суспендирана поради тоа. Сепак, ИОК ги демантираше овие гласини.

– Меѓународниот Олимписки Комитет ја осудува праксата која има за цел да ги омаловажува чистите спортисти. ИОК потврдува дека наведените спортисти не ги кршеле антидопинг правилата во текот на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро – се наведува во соопштението на ИОК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top