Започна новото издание во фудбалската Лига на шампиони. Вечерва на програмата беа натпреварите од четири групи А, Б, Ц и Д а беа постигнати вкупно 22 гола, а единствено фудбал немаше на „Етихад“ во Манчестер каде требаше да се игра натпреварот на домашниот Сити против екипата на Борусија Менхенгладбах. Натпреварот воопшто не ни започна поради обилните дождови на овој дел од островото.
Очекувано Барселона и Баерн Минхен кои важат за едни од главните фаворити и за освојување на овогодинешното најквалитетно натпреварување, остварија убедливи победи над Селтик односно Ростов.
Избраниците на Луис Енрике до врв му ја наполнија мрежата на шкотскиот шампион славејќи преубедлива победа од 7-0. На „Камп Ноу“ љубителите на фудбалот можеа да видат и повеќе голови бидејќи Селтик промаши пенал во првото полувреме при резултат 1-0, и од тогаш Барселона вистински го истури бесот по поразот од Алавес во домашниот шампионат. Меси беше стрелец на хет-трик, Суарез постигна два гола, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Нејмар и Иниеста.
Убедливо новата сезона во ЛШ ја почна и Баерн Минхен, декласирајќи го Ростов со 5-0. Левандовски од пенал ја отвори серијата на голови на „Алијанц арена“, а по него меѓу стрелците се запишаа и Милер, Бернат и Кимих, кој постигна два погодоци.
Во Париз се одигра дербито меѓу ПСЖ и Арсенал, а францускиот и англискиот гигант ги поделија бодовите. Единсон Кавани за 42 секунди го доведе ПСЖ во водство на дуелот против Арсенал. „Светците“ делуваа сигурно на патот до победата, но Кавани и Ди Марија промашија одлични шанси, по што Арсенал стигна до реми благодарение на погодокот на Алексис Санчез. И двата тима го завршија натпреварот со по десет фудбалери, откако во судиското продолжение црвени картони добија Верати од ПСЖ и Жиру од Арсенал.
тлетико Мадрид со голот на Саул Нигез славеше на гостувањето против ПСВ Ајндховен (0-1), но мора да се истакне дека гостите не искористија пенал откако Облак го одбрани ударот од 11 метри на Гуардадо.
Наполи со резултатски пресврт триумфираше во Киев против Динамо со двата гола на Аркадиуш Милик, а укринскиот првак го заврши мечот со десет фудбалери по исклучувањето на Сидорчук поради два жолти картони, вториот поради симулирање на пенал.
Многу интересно беше во Лисабон, каде Бешикташ остана непоразен на гостувањето против Бенфика благодарение на слободниот удар на Талиска во 93. минута, со кој екс-голгетерот на Бенфика го шокираше својот поранешен клуб.
ГРУПА А: ПСЖ – Арсенал 1-1, Базел – Лудогорец 1-1.
ГРУПА Б: Динамо Киев – Наполи 1-2, Бенфика – Бешикташ 1-1.
ГРУПА Ц: Барселона – Селтик 7-0, Манчестер сити – Борусија М. одложен.
ГРУПА Д: ПСВ Ајндховен – Атлетико М. 0-1, Баерн М. – Ростов 5-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)