Голманот на Лариса, Матијас Дегра, доживеа серија непријатности по големата грешка што ја направи на првенствениот меч против Ираклис во рамките на грчката Супер лига.
Дегра го спречи својот тим да дојде до победа на првиот меч од новата сезона, а веднаш по мечот добил ќотек од првиот човек на клубот Алексис Куијас, а потоа и беше исфрлен од тимот.
-Сакам да им се извинам на навивачите што изгубивме два бода поради моја грешка. Но, такви работи им се случуваат и на најдобрите. Кога излегов од теренот, Куијас ме повика, ме фати за врат и ме удри. Кога тоа сакаше да го направи по вторпат, почнав да се бранам. Тука имаше 20 луѓе и сите видоа што се случи. Очекував поддршка од тренерот затоа што тој е човек кој играл фудбал и ќе ме разбере. Но, ми рече да го напуштам клубот и дека не сум повеќе во тимот. Разочарам сум и мислам дека ќе се вратам во Аргентина, изјави Дегра, кој во кариерата ги бранеше боите на АЕЛ, Шериф, Пасош Фереира, Астерас, Верија и Аполон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)