| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ за мрачната страна на спортот: Нè тренираат како да сме манекенки, а не тенисерки

 

Српската тенистерка Ана Ивановиќ смета дека жените во тенисот се под голем притисок да изгледаат како да се на модни писти, а не на тениски терен.

По испаѓањето на УС опен Ана објави дека некое време ќе се повлече од тенисот, а пред почетокот на овој турнир за британскиот сарт Refinery29 даде интервју во кое зборува за тешкотиите со кои таа и нејзините колешки секојдневно се соочуваат.

-Девојките се под голем притисок, но не само за тоа како играат, туку и како изгледаат. Тоа создава стрес во кој можете да се изгубите. Важно е да го зачувае идентитетот и да знаете кој сте, вели Ана и додава

– Секако дека тенисерките мораат да бидат силни, но од друга страна медиумите создаваат притисок дека би требало да изгледаме како манекенки, што е невозможно. Не можете така да играте тенис, зашто морате да имате сила за меч од 2-3 часа.

Неодамна ана беше мета на фановите кои на социјалните мрежи ја обвинуваат дека станала манекенка наместо да е тенисерка – на терените ниже порази, а постојано е на насловните страници на престижни модни магазини.

-Мислам дека тенисот не е толку гламурозен колку што си мислат луѓето. Бара многу напорна работа и луѓето не гледаат колку тренираме и надвор од терените. Не гледаат само на турнири и на патувања и мислат дека ни е лесно, но не е така. Тенисот бара многу посветеност и жртвување, вели госпоѓата Швајнптајгер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top