Светската антидопинг агенција на сестрите Вилијамс, Серена и Венус, им дозволила да користат недозволени суспстанци, откри во вторникот хакерската група Фенси беар. Како што се наведува понатаму, на допинг тестот паднала и гимнастичарката Симона Билс, но успеала да ја избегне дисквалификацијата.
Хакерската група Фенси беар објави дека на Серена Вилијамс ѝ било дозволено да користи забранети супстанци какви што се оксикодон, хидропорфон, преднизон и метилпреднизолон во 2010, 2014 и 2015 година, објави Спутник.
Нејзината постара сестра Венус, наводно, употребувала преднизон, преднизолон и тријамцинолон во периодот од 2010 до 2013 година.
Документите кои ги објавува хакерската група не откриваат какви дијагнози имале спортистите на кои Светската антидопинг агенција (ВАДА) им дозволила да ги употребуваат споменатите супстанци.
Симона Билс, која неодамна на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, освои четири златни медали, била позитивна на допинг тест направен минатиот месец, но не била дисквалификувана од ОИ. Исто така на Билс во 2013 и 2014 година и било дозволено да користи недозволени супстанци.
ВАДА во ноември минатата година објави извештај во кои ги обвини руските спортисти за системски допинг со помош на државата. Поради тоа на руските атлетичари им беше забрането да учествуваат на Олимписките игри, додека целиот руски тим е суспендиран од Параолимписките игри.
За потсетување, Меѓународната тениска федерација, во јуни, ја суспендира Марија Шарапова, бидејќи во јануари на допинг тест било утврдено дека ја користела забранетата супстанца мелдониум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.