| четврток, 6 декември 2018 |

Рикер: САД ја поддржуваат истрагата за трговијата со органи во Косово

Филип Рикер на седницата на Хелсиншкиот комитет на Конгресот на САД, која била посветена на состојбата во Албанија, одговарал на прашања на конгресмени, од кои едното било посветено на случајот „Жолта куќа“.

mediukus

– САД многу сериозно ги сфаќаат обвинувањата за воени злосторства и во целост ги поддржуваат истрагата и наведеното во извештајот на Дик Марти – рекол Рикер.

Американскиот амбасадор укажал на тоа дека истрагата ја спроведува специјален тим на ЕУЛЕКС, истакнувајќи дека таа е мошне сложена бидејќи постојат повеќе правни јурисдикции на државите што се вклучени во целата постапка.

– Се истражуваат обвинувања што се постари од една деценија и тоа ќе биде долга и комплексна истрага – рекол Рикер додавајќи дека е задоволен што истрагата ја води американскиот тужител Клинт Вилијамсон, кој има искуство на тоа поле.

Рикер оценил дека е постигнат добар напредок во истрагата бидејќи се собрани докази, но не сака да прејудицира за конечниот резултат. Тој ги пофали властите во Србија, на Косово и во Албанија, како и другите во регионот, за соработката на ова поле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top