| четврток, 6 декември 2018 |

Бомба скриена во опашката го соборила рускиот авион во Египет

soboren-avion

­ Стручњаците утврдија дека во авионот А321 на руската авио компанија „Когалимавија“ , кој минатата година се урна во Египет, била поставена бомба во товарниот дел, кој се наоѓал во опашката на авионот.

Стручњаците од меѓународната техничка комисија, која ги истражуваше околностите за катастрофата на авионот А321, објавија дека терористи скриле бомба меѓу плетен мебел,  кој најчесто се носи од Шарм ел Шеик и детска количка, јавија руските медиуми.

Експлозијата предизвикала одвојување на опашката на авионот, а тоа довело до неконтролирано понирање на леталото. Стручњаците го донеле заклучокот врз основа на анализа на собраните фрагменти од А321 во хангарот на аеродромот во Каиро.

Трагедијата на небото над Синај се случи на 31 октомври минатата година. Авионот А321 летал од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top