| четврток, 6 декември 2018 |

Инфоден за програмите на Унијата: Креативна Европа, Европа за граѓаните, Хоризонт 2020 и Ерзамус +

Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на 13 септември 2016 година со почеток во 10.00 часот во Центарот за конференции и студии при НУБ. „Св.Климент Охридски“ во Скопје организираат ,,Инфоден за програмите на Унијата: Креативна Европа, Европа за граѓаните, Хоризонт 2020 и Ерзамус +“.

Настанот има за цел да ги информира потенцијалните корисници за можностите кои ги нудат овие програми на Европската Унија. Инфоденот е наменет за професионалците од културниот и креативниот сектор, приватните организации, образовните и научните установи, невладините организации, претставниците на општините, локалните институции од областа на културата и други потенцијални квалификувани корисници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top