| четврток, 6 декември 2018 |

Се искарале за месо – пукање меѓу две семејства од Синѓелиќ

Вчера попладне во 18.10 часот од ЕИК-Скопје добиено е известување дека во 17.15 часот во с.Синѓелиќ настанала расправија, а потоа и тепачка меѓу две семејства.

По извршениот разговор со членовите од едното семејство утврдено е дека расправијата почнала околу поделба на месо од комби што било паркирано кај џамијата. Во еден момент членови од другото семејство извадиле огнено оружје и почнале да пукаат кон нив, по што избегале.

На местото на настанот бил пронајден истрелан куршум од непознат калибар. Подоцна на ул. „Христофер Жефаровиќ“ во дворното место  биле пронајдени две лица од семејството, кои биле посочени како напаѓачи, кои биле со телесни повреди. На местото на настанот била испратена Итна медицинска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top