Македонското здружение на кинематографери, како дел од Друштвото на филмски работници на Македонија ќе биде домаќин на дводневното ИАГА 2016, Годишно собрание на Меѓународната федерација на кинематографери – ИМАГО, кое денеска и утре ќе се одржи во Битола.
На ИАГА 2016, како пропратен настан на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, ќе учествуваат околу 50 делегати од повеќе земји.
Како што посочуваат од Македонското здружение на кинематографери овој настан има големо значење за генерално претставување на македонската култура, афирмација на македонската кинематографија и за меѓународна промоција на Македонија како дестинација за професионална соработка во областа на филмската дејност.
Организацијата на ИАГА 2016 е помогната од страна на ИМАГО и Агенцијата за филм на Република Македонија.
Инаку, ИМАГО е формирана со цел да ги поврзе кинематограферите од европските земји, за да дискутираат и да изнајдат решенија за заедничките предизвици, за размена на искуства и знаења, но исто така и за промовирање на филмската фотографија како уметност. Федерацијата брои 49 национални здруженија членки и околу 4.000 кинематографери, не само од Европа, туку и од целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки