| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Размислував дали воопшто да се појавам на УС Опен

djokovic-i-vavrinka

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, по поразот од Станислас Вавринка во финалето на Отвореното првенство на САД, изјави дека поради тешкиот период за него, раната елиминација на Вимблдон и на Олимписките игри во Рио, размислувал дали воопшто да се појави на ОП на САД.

Ѓоковиќ во Њујорк не успеа да ја одбрани титулата откако во финалето беше поразен од Вавринка со 6-7, 6-4, 7-5, 6-3. Српскиот тенисер му ја честита победата на противникот, нагласувајќи дека таа е потполно заслужена. А, потоа потсети на бројните здравствени проблеми што го мачеле летово и поради кои не бил сигурен дали воопшто ќе може да игра во Њујорк.

– Размислував дали воопшто да дојдам на ОП на САД. Пред неколку недели имав проблеми со повредите и пред почетокот некој да ми понудеше финале, веднаш ќе прифатев – изјави Новак Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top