Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар, во интервју за хрватскиот дневен весник „Вечерњи лист“ ја изненади јавноста со изјавата во која остава отворена можност да го раскине договорот со РФМ и да се врати да ја води Хрватска пред Европското првенство во 2018 година.
– Нема да има никаков проблем да го раскинам договорот со Македонија. Ако тоа се случи, мојот пат сигурно ќе биде хрватската репрезентација. Сакам да ја завршам кариерата со европска титула која никогаш не сум ја освоил – рекол Лино Червар.
Хрватскиот стручњак има договор со нашата федерација и неодамна ги објави плановите поврзани со квалификациите за Европското првенство во Хрватска по две години и мундијалот во Франција на кој Македонија се квалификува со победата во баражот против Чешка во јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.