| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров испадна во Мадрид, Шарапова си доби уште еден навивач

Толку беше и од талентираниот бугарски тенисер Григор Димитров во Мадрид. Направи мини-сензација со победата над Новак Ѓоковиќ, во второто коло, и веднаш потоа испадна по поразот од Станислас Вавринка, со 1-2 во сетови. Момчето на Марија Шарапова поведе со 1-0, а потоа сѐ беше во знакот на Вавринка. Ги доби следните два сета со 6-4, 6-1 и го испрати во публика Димитров. Ќар ќе има Шарапова, си доби уште еден навивач во „Каха Маџика“, каде што се игра тенискиот турнир од мастерс-серијата.

Во четвртфиналето Марија ќе игра против Каја Канепи од Естонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top