| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ:Изборите во Белорусија не беа фер и слободни

Набљудувачката мисија на ОБСЕ, излезе со оценка дека изборите во Белорусија не биле слободни и фер. Регистрирани се повеќе нарушувања на изборниот процес.

Централната изборна комисија на Белорусија соопшти дека двајца опозиционери освоиле место во парламентот. Две кандидатки од опозицијата ќе бидат пратенички, тие се првите опозиционери кои успеале да добијат пратеничко место во последните 20 години.

Овој резултат нема да ја промени политичката слика на поранешната советска република, која САД ја сметаат за „последната диктатура во Европа“, но сигнализира дека властите прават некои отстапки пред западните барања за демократски промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top