| четврток, 6 декември 2018 |

Хит на социјалните мрежи: „Божја полиција пука, Гестапо…“ извикуваше гледач во живо на „Алфа“ за време на земјотресот (видео)

Дененска додеке удри уште еден земјотрес во 14 часот и 19 минути во Скопје, на телевизијата „Алфа“ беше во тек отворената емисија „Збор по збор“. „Божја полиција пука, Гестапо“, повторуваше гледач, кој беше вклучен на телефонска линија во живо за време на денешното издание на емисијата. Водителката на емисијата Александра Јуруковска кога почна тресењето видно вознемирена стана од столчето со намера да го напушти студиото, но откако тресењето се смири, таа ја продолжи емисијата и се обиде да го разбере чудното тврдење на гледачот.

Тој упорно повторуваше „Божја полиција пука, Гестапо…“. Што сакаше да каже, самиот си знае. Како и да е, видеово за кратко време стана хит на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top