| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН: Нема прекини во снабдувањето со електрична енергија по земјотресите

Во моментов нема отворени прекини во снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот земјотрес во скопското подрачје, изјави Атанас Ковачевски, од секторот за односи со јавност на ЕВН.

-Екипите на ЕВН работеа целото попладне по земјотресот и во текот на ноќта за да ги вратат во напон сите трафостаници. Реагираше заштитата на трафостаниците –  автоматското вклучување на заштитата за да не настанат посериозни проблеми како што се пожар и други последици кои можат да направат голема штета – појасни Ковачевски во изјава за ТВ „Нова“.

Тој додаде дека екипите на ЕВН веднаш се упатиле на терен за да ги приклучат трафостаниците кои не се автоматски водени и далечински управувани, при што оние коишто биле далечински веднаш биле вклучени.

Како што рече, најмногу повици за прекини во снабдувањето со електрична енергија имало во Аеродром, Центар, дел од Железара, Карпош, Стајковци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top