Вчера наутро во 07.45 часот во атарот на струмичкото село Требичино, на местото викано Требичински лозја, од страна на тим за пребарување од СВР Струмица и членови на ловни друштва „Фазан“ и „Беласица“, пронајден е починат М.П. (73) од с.Требичино.
Истиот на 15 август беше пријавен за исчезнат.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица, Јавен обвинител и лекар од Јавна здравствена установа Струмица, при што е констатирано дека на телото на починатиот нема видливи траги на насилство. Телото на починатиот е предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.