| четврток, 6 декември 2018 |

Екипи на ИЗИИС и на Град Скопје ќе вршат увид на инфраструктурата во градот

Екипи од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија со претставници од скопските општини, денеска ќе прават увид на патната инфраструктура, водоводот, канализацијата, топловодите и на струјоводите за да откријат евентуални оштетувања од земјотресот.

Увид ќе направат и во станбените згради и во другите објекти за домување каде што се пријавени штети.

Ова беше договорено на синоќешниот управувачки комитет за кризи.

Од град Скопје информираат дека градскиот штаб за заштита во кој се сите јавни претпријатија и бригадата за противпожарна заштита е целосно мобилизиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top