Премиерот и претседател на ВМРО–ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска го поканил претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Бранко Црвенковски, на средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во земјава.
Според информациите на „Република“, Груевски го кани утре Црвенковски во Клубот на пратеници. На средбата, покрај премиерот и лидерот на СДСМ ќе присуствуваат и највисоките претставници на двете партии.
Претходно, премиерот најави дека не исклучува да дојде до средба на која ќе се разговара за актуелната ситуација доколку на неа може да дојде до решение на кризата што почна со блокадата на буџетот од страна на опозицијата.
Утринава потпретседателот на СДСМ за „Република“ изјави дека СДСМ бара лична покана за лидерска средба и дека не прифаќа покана преку медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.