Некогашниот играч на Евертон и селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, е сериозен кандидат за местото тренер на Евертон, пренесуваат хрватските медиуми.
Денес од клубот на „Гудисон парк“ си замина шкотскиот стручњак Дејвид Мојс, кој се пресели на „Олд трафорд“ во Манчестер јунајтед, каде што ќе го наследи сер Алекс Фергусон.
Мојс беше тренер на Евертон од 2002 година. Како најсериозен кандидат за нов тренер на популарните „карамели“ се споменува некогашниот хрватски селектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.