Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.
Курбан-бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.
Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.
Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија реис-ул-улема-хаџи Сулејман-ефенди Реџепи по повод Курбан-бајрам упати порака и честитка до муслиманските верници.
Првиот ден на Курбан-бајрам, 12 септември, е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


