| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Курбан бајрам

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Републиката.

– Најискрено посакувам празникот да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните. Како еден од најголемите празници во исламот, Курбан бајрам ги потенцира човечките доблести – солидарноста и грижливоста, помагањето и дарувањето, наведува претседателот Иванов во честитката.

И годинaшново празнување, како што вели претседателот, да помине во духот на споделување и давање на сите оние кои имаат потреба од материјална поддршка, но и потреба од љубов и внимание.

– Би сакал токму на овој голем празник, уште еднаш, да го изразам своето уверување дека Исламската верска заедница и сите нејзини верници како нераскинлив дел од македонското општество и понатаму активно ќе придонесуваат за градење почит и разбирање помеѓу различните вери и етникуми во Република Македонија, истакнува Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top