| четврток, 6 декември 2018 |

Со два погодоци во финишот Икарди му донесе победа на Интер (видео)

icardi

Со головите на Мауро Икарди во 77. и 91. минута, екипата на Интер оствари победа на гостувањето синоќа кај Пескара со 2-1 во натпреврот од 3.коло на Серија А. Стрелец на погодокот за домаќините беше Жан Кристоф Бахебек во 63.минута.

За Интер ова беше прва победа оваа сезона, а за Пескара прв пораз. Колото ќе се комплетира вечер со натпреварот Емполи – Кротоне. Табела: Јувентус 9 бодови, Наполи 7, Рома 7, Џенова 6, Сампдорија 6, Удинезе 6, Болоња 6…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top