| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотресот предизвика четири пожари

Земјотресот кој се случи попладнево во Скопје во 15,10 часот предизвика четири пожари.

Два пожара се случиле во населбата Аеродром и два во населбата Чаир. Пожарите биле предизвикани од запалени електромотори на лифтовите поради краток спој што бил предизвикан од потресот.

Во моментов пожарите се изгаснати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top