| четврток, 6 декември 2018 |

Нова гама камера на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина

todorov

­ Нова гама камера со компјутерска томографија за дијагностика на болести на тироидна жлезда и други потешки заболувања денеска беше инсталирана на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина во Клиничкиот центар во Скопје. Според министерот за здравство Никола Тодоров, овој апарат ќе овозможи прецизна и побрза дијагностика која, како што рече, ќе значи многу за пациентите, но и за докторите и прсоналот кој ќе работат со него.

– Зрачењето се преполовува во однос на претходната дијагностичка процедура со обичната гама камера. Со оваа камера се овозможува поголем број снимања, што дополнително ќе ги намали листите на чекање на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, истакна Тодоров.

Информира дека денеска со директорот на Институтот и деканот на Медицинскиот факултет договориле да се набави и специјална камера за тироидна жлезда, како и нов ехо апарат.

gama-kamera

Деканот на Медицинскиот факултет Никола Јанкуловски појасни дека оваа машина претставува комбинација на податоци коишто се добиваат со радиоизотопските преперати кои се комбинираат со важни прецизни детали со компјутеризираната томографија и на тој начин се подобрува и зголемува прецизноста во дијагностиката на заболувањата. Потенцира декаовие испитувања се важни за следење на болестите за третман и за прогнозата на пациентите за нивните заболувања.

Директорот на Институтот Венјамин Мајсторов рече дека новата камера значи чекор напред во дијагностиката на пациентите, особено со онколошките заболувања. Според него, Институтот ги следи современите трендови во нуклеарната медицина што е цел на системот во кој, како што рече, сакаме на нашите пациенти да им го пружиме она што можат да го добијат во развиените земји во светот. Информираше дека на апаратот дневно ќе се опслужуваат 10 до 15 пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top