| четврток, 6 декември 2018 |

Сеизмолошка oпсерваторија: Нема простор за паника, вакви земјотреси се случуваат на 10 до 15 години

По утринските потреси кои ги вознемирија граѓаните од сеизмолошката обсерваторија за ТВ Нова велат дека нема простор за паника.

– Земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, случен на длабочина од околу пет километри со Рихтерова локална магнитуда од 3,9 степени, почуствуван е во Скопје и околината со интензитет од 6 до 7 степени според Европската макросеизмична скала, изјави доктор Вера Чејковска од сеизмолошката обсерваторија.

Од таму додаваат дека според информациите со кои се располага, ваквите земјотреси со јачина од околу 4 степени според Рихтер се случуваат на 10 до 15 години.

– Во текот на минатиот век се имаат случено околу 10 -15. Истите, како што беше и случајот утринава, можат да бидат придружени со помали потреси. По неколку минути утрово се случи помал потрес од 2, 8 степени според Рихтер, велат од обсерваторијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top